Политика на квалитет, животна средина и безбедност и здравје при работа на Евро-Стил Битола
Евро Стил – Битола е компанија која е целосно посветена на примената на квалитетот, заштитата и управувањето со животната средина, безбедноста при работа. Квалитетнити управување со системите е од големо знaчење и е на највисоко ниво. Основната цел на компанијата е да ги задоволи потребите на клиентите и нивните очекувања преку нудење квалитетни производи и услуги во изведбата, одржувањето и сервисирањето на коли и услоги од автомобилска индустрија.
Системите за управување со квалитет, животна средина и безбедност и здравје и при работа во согласност со стандардите ISO 9001, ISO 14001 и ISO 45001 континуирано се надгледуваат и унапредуваат со цел да бидат исполнети Политиката и целите на компанијата.
Евро Стил – Битола изјавува дека главната цел на раководството и целиот персонал е давање на квалитетни производи и услуги на своите клиенти што одговара на сите нормативни барања.
Евро Стил – Битола континуирано ќе го следи степенот на задоволство на клиентите и ќе ги проучува и исполнува нивните препораки, барања и рекламации се со цел истите да ги користи за подобрување на своите производи и услуги.
Евро Стил – Битола се грижи за долготрајна и квалитетна соработка со своите клиенти, добавувачи, партнери и сите заинтересирани страни со цел обезбедување на квалитетни производи и услуги.
Евро Стил – Битола се стреми да одржува тим од висококвалификуван и мотивиран персонал и води сметка за одржување и пријатен творечки амбиент, пришто секој извршител да биде свесен за важноста на своите дејствија во однос на задоволувањето на барањата на клиентите и просперитетот на фирмата.
Евро Стил – Битола ќе се грижи за континуиранa обука и едукација на вработените како основна потпора на интегрираниот систем на управување со квалитет, животна средина и безбедност и здравје при работа.
Евро Стил – Битола се обврзува на идентификација на ризиците и можностите за превземање на корективни мерки за постојано унапредување во интегрираниот систем на управување.
Евро Стил – Битола применува процесен приод кон создавање и одржување на Системите за управување со квалитет, животна средина и безбедност и здравје при работа, и за таа цел извршува идентификација, планирање, воведување, контрола и континуирано подобрување на сите процеси кои имаат влијание на интегрираниот систем на управување.
Евро Стил – Битола им гарантира на своите клиенти коректност и максимално исполнување на превземените ангажмани во закажаните рокови.
Евро Стил – Битола ќе се придржува кон селектирање и рециклирање на отпадот и намалување на потрошувачката на енергија.
Евро Стил – Битола ќе врши постојана контрола на своите процеси заради обезбедување на ефикасност на мерките за заштита на животната средина.
Евро Стил – Битола се обврзува да ги исполни законски барања за заштита и управување со околината и заштита на здравјето и безбедност при работа.
Евро Стил – Битола се обврзува за оптимално искористување на ресурсите и намалување на отпадот и негова селекција.
Евро Стил – Битола вложува напори за зачувување на здравјето и безбедност на вработените во сите деловни активности.
Евро Стил – Битола се обврзува континуирано да го одржува и подобрува воспоставениот Систем за управување со безбедност и здравје при работа со што ќе ги исполнува барањата од стандардот ISO/IEC 45001
Евро Стил – Битола ќе обезбеди постојано подобрување на производите и услугите во согласност со барањата на клиентите.